Почетна

За нас

За нас

 

Управувањето со отпад е
важна гранка за  заштитата на животната
средина.

Според EU Waste Framework
Directive 2008/98/ЕС, стратегиите за Управување со Отпад (УО) мора
првенствено да имаат за цел да го спречат создавањето на отпад. Потоа отпадот
треба да се третира како секундарна суровина, да се рециклира, обнови или да
се користи како извор на енергија. Како последно средство, отпадот треба
безбедно да се отстранува со согорување или на соодветни депонии.

 

Целта на проектот е едуцирање
на следните таргет групи: вработени од одделенијата за управување со отпад
или животна средина во општините, училиштата за стручно образование и обука,
носителите на одлуки за одржливо УО во согласност со националните и ЕУ
политиките за долгорочен придонес во развојот и управување со ресурсите од
отпад на локално и на глобално ниво.

Целите на проектот се фокусирани на:

  • Развој и имплементација на нови и иновативни
    професионални курсеви за управување со отпад, во согласност соEU Waste Framework Directive;
  • Подобрување на нивото на компетенции и вештини на
    ниво на општина во областата на одржливо УО;
  • Минимизирање на јазот помеѓу потребите за нови
    знаења и недостатокот на образовни програми и предизвиците на целните групи
    во одржливото управување со отпадот.

Цели

Цели

ЖИВОТНА СРЕДИНА, БОРБА И АДАПТАЦИЈА КОН КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

Транзицијата кон одржлива и климатски неутрална економија бара значителни инвестиции низ цела Европа. Повеќето области се особено ранливи на ефектите од климатските промени и бараат интегрирани и координирани активности за социо-економска трансформација. Покрај тоа, пандемијата на COVID19, значително го погоди општеството поради што е важно да се обезбеди поддршка на студентите во Европа, претприемачите и иноваторите кои се посветени на развивање иновативни решенија за општествените предизвици.

ПРИДОНЕС ЗА ИНОВАЦИИ ВО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА

Проектот ENCOURAGE обезбедува решенија со добро дефинирани стратегии на пазарот. Најважно е да се поттикнат и едуцираат вработените во општините за тоа како соодветно да управуваат со отпадот што се создава во општините. Ова ќе биде овозможено со градење на релевантни и висококвалитетни вештини и компетенции преку развој и имплементација на Курсеви за одржливо управување со отпад (УМ) за општините. Овие курсеви ќе ги поддржат општините и ќе обезбедат пристап до стратегии за надградба знаењето за одржливо УО, што е најрелевантниот приоритет во овој проект. Стекнатите релевантни знаења и вештини од страна на вработените во општините ќе им овозможат континуирано и одржливо управување со отпадот. Неправилното УО и несоодветното отстранување на отпадот имаат сериозни влијанија врз животната средина, на пример, депониите предизвикуваат загадување на воздухот преку емисиите на метан итн.

Проектни Резултати

Проектни Резултати

Резултат 1 - Бенчмаркинг анализа на вештини и компетенции, потреби и предизвици за одржливо управување со отпад

Целта на бенчмарк анализата е да обезбеди проценка на моменталната состојба во однос на вештините и компетенциите на целните групи за одржливо управување со отпадот и нивните потреби и предизвици со кои се соочуваат при практичната имплементација на барањата на законодавството за управување со отпад (УО).

 

За да се разбере која е најдобрата практика за управување со отпад што ќе ги надмине недостатоците во знаењата и вештините на целните групи, потребна е детална анализа на нивните потреби. Ова ќе биде компаративна анализа на тековните добри практики за управувањето со отпад во ЕУ и земјите-партнери на проектот, кои се инкорпорирани во нивните стратешки документи за УО.

Анализата ќе биде фокусирана на вештините и компетенциите, потребите и предизвиците на целните групи: 

      • вработените во секторот за управување со отпад во општините, со посебен фокус на ГАП анализата, нивните потреби и предизвици во областа на одржливо управување со отпадот и
      • вработените во секторот за управување со отпад кај носителите на одлуки, нивните потреби и предизвици при развивање методологии и донесување на законски одлуки поврзани со правилното управување со отпадот.

Идејата е да се вклучат Државните инспекторати за животна средина во земјите на проектните партнери, за да учествуваат во развојот на курсевите и неговата имплементација.

Резултат 2 - Профил на квалификација за Специјалист за управување со отпад со употреба на нивоата NQF/EQF

Профилот на квалификации за Специјалист за управување со отпад на ниво NQF/EQF, се стреми да обезбеди основни елементи и препораки за развој на секторски дескриптори на квалификации за профилот – Специјалист за управување со отпад.

Целите на овој профил на квалификација се ориентирани кон зголемување на транспарентноста и препознавањето на вештините и квалификациите за да се олесни учењето, вработувањето и мобилноста на работната сила за истиот. Резултатот се интегрира и корелира со професионалното образование, вклучувајќи го и подобрувањето на клучните компетенции стекнати во процесот на образовните фази.

Компетентноста на овој квалификуван профил – Специјалист за управување со отпад, ќе се развие преку: соодветно стекнати знаења, вештини и социјални компетенции.

Тоа ќе биде алатка за креирање на обуки, врз основа на идентификувани недостатоци во компетентноста и ќе биде појдовна основа за создавање на веродостоен и алтернативен извор на стекнати и потврдени вештини. Тоа ќе вклучува национални модели за истражување и заеднички стандарди за компетентност во споредба со EQF.

 

Резултат 3 - Изработка на наставна програма за курсеви за одржливо управување со отпад со елементи за сертификација

Изработка на наставна програма за Курсеви за одржливо управување со отпад, како и наставна програма за секој предмет и подготовка на елаборати за сертификација.

ENCOURAGE ќе развие модели/системи за верификација и сертификација на стручните компетенции на специјалистите за одржливо управување со отпад во секторот за управување со отпад.

Методологијата ќе се фокусира на процедурите за сертификација на заедницата (од страна на водечките индустриски организации) на компетенциите на персоналот врз основа на барањата на стандардот ISO/IEC 17024 кој е дизајниран да го усогласи процесот на сертификација на персоналот низ целиот свет.

 

Резултат 4 - Материјали за обука за Курсеви за одржливо управување со отпад

Овој резултат вклучува развој на обуки во работната средина, каскадни, флексибилни патеки за учење, активирање на дидактички методи, современи и иновативни методи на настава земајќи ги во предвид спецификациите на Секторот за управување со отпад. Акцентот ќе биде ставен на индивидуализација на обуката преку активните и практични методи на учење, решенијата во организацијата и дидактика.

 

 

Резултат 5 - Интерактивна е-учење платформа

Резултатите од проектот ENCOURAGE ќе овозможат решенија кои го олеснуваат самостојното учење и ги подобруваат вештините на работното место, давајќи можност за самостојно учење во погоден момент и време, како и поддршка на учениците при извршување на стручните задачи.

Креираната платформа за е-учење ќе даде пристап на иновативни методи на учење, можности за е-курсеви, учество во форуми и комбинирани методи на учење. Структурата на мултимедијални материјали наменети за професијата – Специјалист за управување со отпад, ќе вклучува поделба на квалификации, вештини, знаење и модули за социјална компетентност. Е-ресурсите ќе бидат развиени во согласност со ИТ стандардите и решенијата.

https://encourage-online.projectsgallery.eu/

 

 

Резултат 6 -Центар за знаење за управување со отпад

Центарот за знаење за управување со отпад (јавна платформа за управување со отпад) ќе се креира како комплементарен / придружен дел на платформата за Е-учење. Ќе отвори можности за нови учесници (ученици) од различни општини во Европските земји, кои ќе имаат  можност да ги користат ресурсите како и проектните резултати.

Центарот за знаење за УО ќе содржи: библиотека со документи; ќе промовира најнови научни трудови; насоки и помош во управувањето со отпадот, со што ќе може да им се помогне на сите засегнати страни да го решат нивното прашање за управување со отпад. Сите заинтересирани страни во оваа област можат да ги користат споделените информации за законската регулатива на ЕУ за отпад, идеите за УО, можностите и алатките за постапување со различни видови отпад, студии на случај за управување со отпад итн.

https://encourage-online.projectsgallery.eu/

Партнери

Партнери