Проектни Резултати
Целта на бенчмарк анализата е да обезбеди проценка на моменталната состојба во однос на вештините и компетенциите на целните групи за одржливо управување со отпадот и нивните потреби и предизвици со кои се соочуваат при практичната имплементација на барањата на законодавството за управување со отпад (УО).
За да се разбере која е најдобрата практика за управување со отпад што ќе ги надмине недостатоците во знаењата и вештините на целните групи, потребна е детална анализа на нивните потреби. Ова ќе биде компаративна анализа на тековните добри практики за управувањето со отпад во ЕУ и земјите-партнери на проектот, кои се инкорпорирани во нивните стратешки документи за УО.
Анализата ќе биде фокусирана на вештините и компетенциите, потребите и предизвиците на целните групи:
- вработените во секторот за управување со отпад во општините, со посебен фокус на ГАП анализата, нивните потреби и предизвици во областа на одржливо управување со отпадот и
- вработените во секторот за управување со отпад кај носителите на одлуки, нивните потреби и предизвици при развивање методологии и донесување на законски одлуки поврзани со правилното управување со отпадот.
Идејата е да се вклучат Државните инспекторати за животна средина во земјите на проектните партнери, за да учествуваат во развојот на курсевите и неговата имплементација.
Профилот на квалификации за Специјалист за управување со отпад на ниво NQF/EQF, се стреми да обезбеди основни елементи и препораки за развој на секторски дескриптори на квалификации за профилот – Специјалист за управување со отпад.
Целите на овој профил на квалификација се ориентирани кон зголемување на транспарентноста и препознавањето на вештините и квалификациите за да се олесни учењето, вработувањето и мобилноста на работната сила за истиот. Резултатот се интегрира и корелира со професионалното образование, вклучувајќи го и подобрувањето на клучните компетенции стекнати во процесот на образовните фази.
Компетентноста на овој квалификуван профил – Специјалист за управување со отпад, ќе се развие преку: соодветно стекнати знаења, вештини и социјални компетенции.
Тоа ќе биде алатка за креирање на обуки, врз основа на идентификувани недостатоци во компетентноста и ќе биде појдовна основа за создавање на веродостоен и алтернативен извор на стекнати и потврдени вештини. Тоа ќе вклучува национални модели за истражување и заеднички стандарди за компетентност во споредба со EQF.
Изработка на наставна програма за Курсеви за одржливо управување со отпад, како и наставна програма за секој предмет и подготовка на елаборати за сертификација.
ENCOURAGE ќе развие модели/системи за верификација и сертификација на стручните компетенции на специјалистите за одржливо управување со отпад во секторот за управување со отпад.
Методологијата ќе се фокусира на процедурите за сертификација на заедницата (од страна на водечките индустриски организации) на компетенциите на персоналот врз основа на барањата на стандардот ISO/IEC 17024 кој е дизајниран да го усогласи процесот на сертификација на персоналот низ целиот свет.
Овој резултат вклучува развој на обуки во работната средина, каскадни, флексибилни патеки за учење, активирање на дидактички методи, современи и иновативни методи на настава земајќи ги во предвид спецификациите на Секторот за управување со отпад. Акцентот ќе биде ставен на индивидуализација на обуката преку активните и практични методи на учење, решенијата во организацијата и дидактика.
Резултатите од проектот ENCOURAGE ќе овозможат решенија кои го олеснуваат самостојното учење и ги подобруваат вештините на работното место, давајќи можност за самостојно учење во погоден момент и време, како и поддршка на учениците при извршување на стручните задачи.
Креираната платформа за е-учење ќе даде пристап на иновативни методи на учење, можности за е-курсеви, учество во форуми и комбинирани методи на учење. Структурата на мултимедијални материјали наменети за професијата – Специјалист за управување со отпад, ќе вклучува поделба на квалификации, вештини, знаење и модули за социјална компетентност. Е-ресурсите ќе бидат развиени во согласност со ИТ стандардите и решенијата.
https://encourage-online.projectsgallery.eu/
Центарот за знаење за управување со отпад (јавна платформа за управување со отпад) ќе се креира како комплементарен / придружен дел на платформата за Е-учење. Ќе отвори можности за нови учесници (ученици) од различни општини во Европските земји, кои ќе имаат можност да ги користат ресурсите како и проектните резултати.
Центарот за знаење за УО ќе содржи: библиотека со документи; ќе промовира најнови научни трудови; насоки и помош во управувањето со отпадот, со што ќе може да им се помогне на сите засегнати страни да го решат нивното прашање за управување со отпад. Сите заинтересирани страни во оваа област можат да ги користат споделените информации за законската регулатива на ЕУ за отпад, идеите за УО, можностите и алатките за постапување со различни видови отпад, студии на случај за управување со отпад итн.